Connect with us

Гвардиола: Дали ќе си одам ако освоиме тројна круна? Прашајте ме после тоа…

Менаџерот Пеп Гвардиола има единствена шанса да го предводи Манчестер Сити до тројна круна по уште една многу силна сезона за „граѓаните“. Освојувањето на титулата во Премиер – лигата изгледа 99% сигурна работа, а тимот се наоѓа и во финалето на Лигата на шампионите и на ФА Купот.


Во интервју за „Скај Спортс“, Шпанецот доби прашање дали би заминал од Манчестер Сити, доколку ја освои тројната круна. Тогаш и не би му преостанало ништо за докажување со овој тим.

„Прво треба да ги освоиме овие пехари и дури потоа да ме прашате како се чувствувам и што мислам за оваа работа“, одговори Пеп.

Тој побрза да појасни дека успехот во двете финалиња е далеку од сигурен. Противник на Манчестер Јунајтед во ФА Купот на 3 јуни ќе биде Манчестер Јунајтед, а една недела подоцна пресметката со Интер во ЛШ ќе се одржи во Истанбул.

„Дали сакате да кажете дека ќе ни биде лесно против локалниот ривал Манчестер Јунајтед? А што ќе се случи против италијанскиот противник кој не важи за фаворит? Размислувам за овие работи. Ако успееме, ќе ви кажам подоцна, околу заминувањето, ха-ха“, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити ќе биде шампион на Англија ако го победи Челси в недела. Тоа може да стане реалност уште денеска доколку Арсенал загуби од Нотингем Форест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови