Connect with us

Гвардиола: Ако не го победиме Тотенхем, нема да бидеме шампиони

Манчестер Сити ги загуби сите четири натпревари во Премиер – лигата одиграни на новиот стадион на Тотенхем, но бранителот на титулата мора да го смени тој рекорд на претстојно гостување во Северен Лондон, ако сака да остане шампион на Англија оваа сезона. Ова го напомена менаџерот Пеп Гвардиола во пресрет на вечерашниот дуел.

Манчестер Сити е второпласиран со 85 бодови од 36 натпревари и има еден бод помалку од Арсенал, но и има еден натпревар помалку. Победата над Тотенхем ќе му даде предност на Сити пред последниот викенд од лигата.

„Ако не победиме против Тотенхем, нема да ја освоиме Премиер – лигата, па мораме да победиме“, изјави Гвардиола.

„Секогаш е толку стресно да се игра таму, особено оваа сезона. Тие се толку агресивни. Загубија со 4-0 на „Енфилд“, но продолжуваат да се држат до она во што веруваат“, дополни Гвардиола.

Манчестер Сити ја забележа својата прва победа на новиот стадион на Тотенхем во натпреварот од ФА Купот во јануари, завршувајќи ја серијата од пет порази на тој стадион.

„Знаеме за што играме. Знаеме колку е тешко повторно да се биде на оваа позиција, но пред нас имаме нешто уникатно“, потенцираше Гвардиола.

Тимот на Гвардиола победи во последните седум натпревари во Премиер – лигата, постигнувајќи 28 гола, а прими само пет.

„Има конзистентност во нашата игра и тоа е реалноста… Јас ги туркам моите играчи, а тие ме туркаат мене. Се обидуваме да направиме нешто посебно. Сега е време да го направиме тоа, инаку Арсенал ќе биде шампион“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови