Connect with us

Гуцев: Од тепани, на крајот ќе излеземе виновни

Тренерот на Беласица, Благој Гуцев, вчера беше физички нападнат пред мечот со Локомотива Пехчево, кој не се ни одигра од споменатите причини. Гуцев и тренерот на голманите добиле ќотек, а имало и закани за употреба на огнено оружје.


Тој денеска реагираше дека случајот сака да се „заташка“.

„ФФМ подготвува заташкување на случајот! И тепани и понижени ќе излеземе виновни. Едно е јасно сѐ е резирано и врзано. Од прв до последен, службените лица доцнеа на натпреварот и застанаа на страна на тепачите. Лицето е познато на сите и на полиција и на федерација.
Бламирајте сe, понижувајте нѐ на секој начин, а јас лично ќе го водам случајот до крај. Моето семејство го трпеше стрсот што го доживеав и затоа ќе одам до крај.

Службени лица (делегат, судии, комесар) да не даде Господ вашето дете да биде удрено како што вчера бев јас.

Јас можеби и ќе ставам крај на кариерата, која само што ја почнав, зашто иднината на моето дете не ја гледам во таа корумпирана дупка. А, ти насилнику со умисла на удар со поголема повреда ќе ги трпиш последиците за нападот. Господ е голем!“, објави Гуцев на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови