
Капитенот на Германија, Илкај Гундоган, знае дека неговата селекција не треба да ја потценува Шкотска. Вечерва двете селекции ќе се соочат во воведниот натпревар на Европското првенство.
Очекувањата за Германците се големи бидејќи тие се домаќини на турнирот.
„Очекувам многу тежок натпревар. Познавам неколку нивни играчи од Премиер – лигата. Имаат искусен ‘рбет на тимот. Не треба да ги потценуваме, но имаме голем квалитет и мора да победиме“, сподели Гундоган.
„Секој играч знае што да прави, особено во тешки ситуации. Има конкретност во нашиот тим. Грешки се случуваат, но не смееме да ги изгубиме нашите идеи“, додаде тој.
Гундоган зборуваше и за Тони Крос, кој ќе стави крај на кариерата по зваршувањето на Европското првенство.
„Задоволство е да се игра покрај него. Мора да бидеш неверојатно добар за да освоиш толку трофеи. Знам колку се важни тие навидум едноставни додавања што ги прави. Тоа е исклучително, дури и ако повеќето луѓе не го гледаат така“, истакна Гундоган.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
