Германецот Илкај Гундоган сака да го напушти Манчестер Сити ова лето. Тој не е задоволен од минутажата и тоа веќе му го соопштил и на Пеп Гвардиола. Дополнително, британските медиуми откриваат дека Гундоган вчера итно резервирал лет за Мадрид и најверојатно оди на преговори со идниот клуб.
Не е тајна дека Гундоган претходно беше желба на Реал Мадрид, но, сепак, се уште не е познато дали „кралскиот“ клуб ќе биде неговата следна дестинација или пак можеби преговара со Атлетико Мадрид.
Гундоган шест години е дел од Манчестер Сити, до оваа сезона беше незаменлив, но сега Гвардиола многу почесто го користи триото Родри, Бернардо Силва и Кевин де Бруин.
Тој има уште една година од актуелниот договор со „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













