Connect with us

Гундоган се враќа во Манчестер Сити

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган ја напушта Барселона и се враќа во Манчестер Сити. Раководството на каталонскиот гигант нема да прави проблеми околу заминувањето затоа што само сака да го намали буџетот за плати за да може да го регистрира најновото засилување Дани Олмо.

Гундоган не се вклопи најдобро во Барселона ниту минатата сезона иако беше стандарден првотимец. Пред мечот од првото коло против Валенсија, Гундоган имал разговор со Ханси Флик и му напоменал дека неговата желба е да си замине.

Агентите на Германецот веќе се на „Итихад“ каде го договораат неговото враќање во редовите на Манчестер Сити, каде тој играше од 2016 до 2023 година со голем успех и со „граѓаните“ освои сѐ што можеше да се освои.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови