
Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, беше разочаран по поразот со 0-2 од Јувентус во Лигата на шампионите. Тој нема објаснување за тоа што се случува со „граѓаните“ и изјави дека има чувство дека неговиот тим прима гол со секоја акција на противникот.
„Многу е разочарувачки. Имавме шанси да постигнеме гол, но во моментов имам чувство дека примаме гол со секоја акција. Не знам што се случува. Ми се чини дека понекогаш сме невнимателни во дуелите. Наместо да играме едноставно, непотребно ги компликуваме работите и пропуштаме добри можности да ја придвижиме топката напред. Така ја губиме и му даваме шанса на противникот за контранапади. Ние сме тим што сака да ја контролира топката и да биде силен. Не можат да нѐ повредат ако не ја губиме топката. Меѓутоа, во моментот тоа не функционира“, изјави Гундоган.
„Самодовербата е важен дел од фудбалот, па можеме да зборуваме и за ментален проблем. Тоа се гледа. Од еден загубен дуел или погрешно додавање пас, веднаш го губиме ритамот. Противникот успева да нѐ разниша со едноставни нешта, дури и без да прави нешто комплицирано. Треба да почнеме да ги правиме лесните работи што е можно подобро. Повторно да почнеме да работиме напорно и на тој начин да си ја вратиме самодовербата. Сега ние сѐ правиме погрешно“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski