Манчестер Сити славеше против Лидс Јунајтед со 2-1 и оствари нов триумф во трката за шампионската титула. Илкај Гундоган беше двоен стрелец за „граѓаните“, а во вториот дел не успеа да реализира пенал за да стигне до хет-трик. Веднаш откако тој не погоди од белата точка, во 85.минута возврати Родриго на спротивната страна.
Челси конечно ја прекина серијата лоши резултати и победи на гости против Борнмут со 1-3. Галахер, Бадијашил и Жоао Феликс му донесоа победа на Френк Лампард.
Тотенхем славеше против Кристал Палас со 1-0, а победничкиот гол беше дело на Хари Кејн во 45.минута.
Вулверхемптон ја победи Астон Вила со 1-0, со голот на дефанзивецот Тоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













