
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бесар Гуџуфи, направи сензационален трансфер во турскиот гигант Бешикташ. По само шест месеци на прволигашка сцена во тимот на Беласица, тој направи трансфер вреден 500.000 евра во новиот шампион на Турција.
„Среќен сум што дојдов во најдобриот тим во Турција. Од денеска мојата цел е да бидам се подобар и подобар на секој нареден натпревар и да го дадам максимумот во дресот на Бешикташ“, изјави Гуџуфи.
Познати се и деталите од договорот. Гуџуфи во Бешикташ ќе заработува 8.000 евра месечна плата, а стави потпис на петгодишна верност со клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
