Основачот на грузиската владејачка партија, поранешен премиер и милијардер Бидзина Иванишвили, изјави дека ќе донира 30 милиони лари (десет милиони евра) на фудбалската репрезентација по сензационалната победа против фаворитот Португалија (2-0) во последниот натпревар од групата Ф на Европското првенство во Германија.
Со оваа победа, Грузија како дебитант на турнирот се пласираше во осминафиналето.
Партијата Грузиски сон во соопштение изјави дека Иванишвили му честитал на тимот и ветил пари од својата добротворна фондација како признание за она што го нарече “историска победа од соништата”.
Иванишвили, кој има богатство од околу 4.5 милијарди евра, ветил дополнителни 30 милиони лари ако Грузија ја победи Шпанија во осминафиналето во недела.
Роден во Грузија, Иванишвили се збогатил во Русија во деведесеттите години, пред да се врати дома и да ја основа партијата Грузиски сон во 2011 година. Тој победи на изборите во 2012 година и беше премиер една година.
Грузија на Европското првенство загуби од Турција со 3-1, ремизираше со Чешка (1-1) и победи против Португалија со 2-0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski