
Грузија, следниот противник на Македонија во Лигата на нации на 9 јуни во Скопје, ја декласира Бугарија во Разград со 2-5 и се наоѓа на првото место во групата. Грузијците одиграа совршен натпревар и покажаа како може да се „растури“ Бугарија на гости.
Давиташвили во четвртата минута погоди за 0-1, а Андреа Христов си постигна автогол. Потоа стрелаа и Зивзивадзе, Кварачкелија и Вако, додека стрелци за Бугарија беа Александар Илиев и Илијан Стефанов. На крајот, Квеквескири промаши и пенал за Грузија.
Кристијано Роналдо беше двоен стрелец во триумфот на Португалија од 4-0 против Швајцарија. Во листата на стрелците му се придружија и Вилијам Карвалјо и Жоао Кансело.
Чешка и Шпанија одиграа 2-2, а Србија ја совлада Словенија со 4-1. Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Лука Јовиќ и Немања Радоњиќ погодија за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal