Фудбалерите на Кит Го со гостувањето на Победа во Прилеп ги почнуваат натпреварите од новата сезона во Втората лига – Исток.
Денеска од 17 часот на стадионот „Могила“ во Прилеп пехчевци со отворена желба за добар фудбал, квалитетно издание и секако бодови од пресметката со Победа.
„Се надевам на добар старт во новото првенство. По шест месеци пауза секако сите фудбалери со нетрпение го очекуваат официјалното враќање на терените, желни за докажување и освојување бодови. Максимално ја почитуваме Победа, но и ние си имаме свои математики пред овој натпревар. Како и претходната сезона, Кит Го и оваа на секој натпревар ќе игра на гол повеќе. Без сомнение ќе атакуваме на три бода во Прилеп“ – вели шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев.
Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Ѓошевски и Недевски. Четврти судија ќе биде Христијан Божиновски. Делегат на натпреварот ќе биде Јовче Попоски од Охрид, а контролор – Пеце Карапалевски од Ресен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













