Атлетико Мадрид ја продолжи импресивната форма во Ла Лига со драматична победа над Севилја на домашен терен, триумфирајќи со 4-3. Тимот на Диего Симеоне се соочи со негатива од 1-3, но со неверојатен пресврт за само половина час успеа да ја обезбеди победата.
Родриго де Пол го отвори резултатот за Атлетико во десеттата минута, но Севилја одговори брзо. Лукебакио израмни, а Ромеро ја доведе Севиља во водство. Во 57. минута, Хуанлу Санчез го зголеми резултатот на 1-3, ставајќи го Атлетико во тешка позиција.
Сепак, Атлетико не се откажа. Антоан Гризман намали на 2-3 во 62. минута, а Лино израмни во 79. минута.
Во драматичниот финиш, Гризман повторно се истакна со победнички гол во судиското продолжение, носејќи еуфорија на „Сивитас Метрополитано“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













