Connect with us

Гризман: Мој идол е Бекам, нема да ја стрижам косата, ваков ме сакаат сопругата и децата

Антоан Гризман е на удар на спортската јавност во Каталонија поради слабите игри во дресот на Барселона, а сега на удар дојде и неговата долга коса. Сепак, Французинот жестоко им одговори на критичарите дека дури и Роналд Куман да побара да ја скрати косата, тој нема да го послуша. 

„Мој идол е Дејвид Бекам, тоа сите го знаете. Нема да ја стрижам косата дури и ако тоа биде побарано од мене. Ваков ме сакаат сопругата и децата“, изјави Антоан Гризман. 

Барселона е во голема резултатска и финансиска криза, а дел од медиумите најавуваат дури и заминување на Гризман на крајот од сезоната. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови