Манчестер Јунајтед оствари минимален, но заслужен триумф на гости против Вулверхемптон (0-1) во третото коло од Премиер – лигата. Тимот на Оле Гунар Солскјер долго не можеше да го скрши отпорот на „волците“, а тоа во 80.минута му успеа на Мејсон Гринвуд. Младиот офанзивец успеа да го пронајде патот до мрежата на Жозе Са.
Јунајтед не беше доминантен на овој дуел. Де Хеа и Ван Бисака беа одлични во одбраната и спасија неколку опасни ситуации пред сопствениот гол.
После репрезентативната пауза ќе се приклучи и Кристијано Роналдо, па нападот на „црвените ѓаволи“ ќе биде уште посилен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













