Раководството на англискиот премиерлигаш Вест Хем разговарала со Грем Потер за можен ангажман, ако Хулен Лопетеги го напушти клубот, пренесуваат британските медиуми.
Лопетеги засега останува тренер на лондонскиот клуб, но управата разговара за неговата иднина по серијата лоши резултати, бидејќи тимот освои само осум бода во последните осум натпревари, известува „Скај Спорт“.
Извор блиску до клубот изјавил дека Лопетеги ќе биде отпуштен веднаш штом се постигне договор со новиот тренер, за кој се претпоставува дека е Потер.
Грем Потер е без работа откако беше отпуштен од Челси во април 2023 година, по само седум месеци, и покрај тоа што потпиша петгодишен договор. Претходно, тој беше успешен три години во Брајтон, каде со тимот го освои деветтото место во Премиер – лигата во сезоната 2021/22, што беше најдобар пласман во историјата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













