Connect with us

Гравина: Ќе го исфрлиме Јувентус од Серија А…

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, вели дека доколку дојде до активирање на Суперлигата, тогаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А.


Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, е еден од носителите на проектот за новото европско натпреварување кое беше формирано од 12 клуба. Девет од тимовите се откажаа, додека Реал Мадрид, Јувентус и Барселона и понатаму се со идеја да се одржи ова натпреварување.


„Одговорот е хипотетички, но Јувентус ќе биде исклучен од Серија А доколку се реализира Суперлигата“, изјави Гравина за италијанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови