Италија доживеа шокантна елиминација (0-1) од Македонија во дополнителните квалификации на патот кон мундијалот, но селекторот Роберто Манчини се уште ја има поддршката од Фудбалската федерација.
„Се надевам дека Манчини ќе продолжи со нас и ќе остане на селекторската функција“, вели претседателот Габриеле Гравина, иако Италија вторпат по ред ќе го следи Светското првенство од дома.
Актуелните европски шампиони во полуфиналето од дополнителните квалификации загубија во Палермо. За само неколку месеци, сега расположението во Италија е разочарувачко.
„Се радувавме минатото лето. Бевме европски шампиони и со задоволство ги прифативме сите пофалби. Сега мораме да бидеме доволно силни за да ги прифатиме сите критики бидејќи тоа го заслужуваме. Но, сепак го гледаме Манчини како дел од проектот. Верувајте дека продолжуваме да одиме заедно. Сакам да ја кренеме главата и да се обидеме да избегнеме што е можно повеќе штета“, изјави 68-годишниот Гравина.
Манчини е на италијанската клупа од 2018 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













