Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс, би можел да ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија. Ал-Наср е заинтересиран за 25-годишниот Португалец и се обидува да ја победи Бенфика во трката за неговиот потпис.
Саудискиот клуб е подготвен да плати околу 45 милиони евра за трансферот.
Феликс втората половина од сезоната 2024/25 ја мина на позајмица во Милан, каде што одигра 21 натпревар, постигна три гола и запиша една асистенција.
Жоао Феликс блесна во Бенфика и направи рекорден трансфер во Атлетико Мадрид, но потоа неговата кариера не се движеше според очекувањата.
Доколку се реализира трансферот во Ал-Наср, Жоао Феликс ќе настапува во тандем со капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













