Барселона е блиску до постигнување договор за нова соработка со Жул Кунде по неколкунеделни интензивни преговори. Продолжувањето на договорот со францускиот дефанзивец беше еден од приоритетите на клубот, особено поради интересот кој го покажаа премиерлигашки клубови.
Челси го следи Кунде уште од неговиот период во Севилја, а истото важи и за Арсенал. Во меѓувреме, интерес за него изрази и Манчестер Сити.
Раководството на Барселона целеше преговорите да ги заврши пред почетокот на новата сезона. Според информациите, договорот е постигнат – актуелниот, кој важи до 2027 година, ќе биде продолжен до 2030 година, а Кунде ќе добие и зголемена плата.
Официјалното потпишување се очекува следната недела, по враќањето на тимот од турнејата во Јужна Кореја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













