Гранит Џака нема да може да и помогне на Швајцарија во квалификациската сесија во септември за Светското првенство во 2022 година, бидејќи е позитивен на коронавирус. Медиумите во Швајцарија информираат дека капитенот Џака не е вакциниран, а тоа ги налутило челниците на Швајцарската фудбалска федерација.
„Навистина сметав на Гранит“, изјави новиот швајцарски тренер Мурат Јакин. Тој истакна дека Федерацијата им препорачала на играчите да се вакцинираат, но Гранит Џака не го сторил тоа.
„Тој е наш капитен и тоа е негова одлука“, изјави Јакин за „Блик“.
Швајцарија в недела го пречекува европскиот првак Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













