Шпанските прволигаши Гранада и Хетафе сакаат да го купат македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој имаше одлични настапи во дресот на Македонија на Европското првенство и го привлече кн себе вниманието на клубовите од Ла Лига. Гранада сака да го врати во своите редови, а и Хетафе е сериозно заинтересиран да му го довери на Димитриевски голот за следната сезона.
Столе Димитриевски има договор со Рајо Валјекано до јуни 2024 година, а неговиот клуб успеа да избори пласман во елитната шпанска лига за претстојната сезона.
Столе Димитриевски имаше втор најдобар ефект кај голманите според бројот на одбрани (14) во групната фаза од Европското првенство. Пред него беше само Лукас Храдецки (18).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













