Една од најважните алки во машинеријата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, германскиот интернационалец Илкај Гундоган, го напушти предвреме синоќешниот тренинг на „граѓаните“ во Порто, во пресрет на вечерашната финална пресметка во Лигата на шампионите против Челси. Тој се почувствувал непријатно и покажал кон мускулот на десната нога, а Гвардиола веднаш го испрати во соблекувалната.
Се чини дека Гундоган сепак ќе биде дел од финалето, но прашање е дали Гвардиола ќе може да го искористи максимално според првичниот план. Тој и Кевин де Бруин, заедно со Фил Фоден, го сочинуваат триото кое во средниот ред треба да ја наметне препознатливата игра на Манчестер Сити и да обезбеди доминација во поле. Без Гундоган, работите ќе одат малку потешко, го знае тоа и шпанскиот стратег.
„Финалето е чиста емоција. Изглегуваш и играш за да победиш. Тактичкото надмудрување секако ќе биде во втор план, затоа што и двете екипи премногу добро се познаваат за да има големи изненадувања“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити и Челси вечерва (21 часот) ќе го играат финалето во Лигата на шампионите на стадионот „Драгао“ во Порто.
Gündogan appears to signal discomfort in his right thigh before leaving the training session…😬
— City Chief (@City_Chief) May 28, 2021
[via @mcfctj_]pic.twitter.com/37XQNn1Iox
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal