Манчестер Сити испратил понуда вредна 50 милиони фунти, плус бонуси, за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Матеус Нуњес. Португалецот веќе постигнал договор со „граѓаните“ околу неговите лични услови и ја чека одлуката на „волците“ со надеж дека понудата ќе биде прифатена.
Во последниве денови се појави дека освојувачот на тројната круна ќе бара да го засили својот среден ред, откако Ријад Махрез и Илкај Гундоган заминаа, а Кевин де Бруин е повреден и најверојатно ќе биде надвор од терените неколку месеци.
Името на Нуњес беше меѓу најспоменуваните заедно со Еберечи Езе од Кристал Палас.
Португалскиот репрезентативец пристигна во Вулверхемптон минатото лето кога за него платија 45 милиони евра. Тој импресионираше со своите игри и забележа вкупно два гола и две асистенции на 42 натпревари минатата сезона, а од почетокот на оваа сезона ги започна двата натпревари за Вулвс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal