Connect with us

Градоначалникот на Велес се обидува да го разубеди Кочо Анѓушев околу Борец

Борец остана без генерален спонзор во зимската пауза, Кочо Анѓушев со компанијата „Брако“ одлучи да замине од клубот и во Велес е навистина студено во последниот ден од јануари. Остануваат две седмици до стартот на вториот дел од сезоната, а Борец е „ни на небо ни на земја“. 

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, се обидува да го премисли Кочо Анѓушев и да го убеди да остане до крајот на сезоната.  

„Мислам дека поради незадоволството од ОФС Велес и организираното собрание не е добро да се откажат од финансирањето на фудбалскиот клуб Борец. Пред да се донесе оваа одлука, ФК Борец се обрати со барање да помогнеме со 12 милиони денари, но ние тоа не можеме да го направиме, бидејќи тие се парите во општината. Ако тоа го направиме, треба да избришеме изградба на улици, водоводи, канализации, патишта. Со нетрпение очекувам да ја видам разврската во Борец, ние и понатаму ќе разговараме на оваа тема и се надевам дека од Брако ќе ја преиспитаат одлуката, но тој што дава пари најдобро си знае каква му е состојбата и од кои причини носи таква одлука. Лесно е од страна да гледаме и да наоѓаме мани, меѓутоа, сепак некој издвоил милион евра досега и треба особено фудбалските работници кои присуствуваа на Собранието на ОФС и воопшто сите што се во спортот да имаат поголем респект и почит кон спонзорите, затоа што во спротивно, ќе се доведеме во ситуација да нема спорт во земјата“, изјави Аце Коцевски.

Сопственикот на компанијата „Брако“, Кочо Анѓушев, за Макфудбал ексклузивно. Во меѓувреме, ветераните на Борец договорија со Анѓушев да го преземат раководењето со клубот, компанијата „Брако“ ќе го врати без долгови, а тие ќе се обидат да го стабилизираат. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови