Македонскиот првак Шкупи го врати Гоце Седлоски на клупата. Ова е одлуката откако завршија турбуленциите, спортски директор остана Омер Буњаку, а од клубот си замина Турчинот Гохан Бозкаја.
Седлоски замина по поразот на Шкупи во Штип од Брегалница, но очигледно дека раководството не може да пронајде подобро решение, па донесена е одлука тренерот кој ја донесе шампионската титула по 21 година повторно да го преземе кормилото на тимот.
Како прв соработник во новиот мандат Гоце Седлоски ќе го има Арбен Нухиу, една од фудбалските легенди на клубот од Чаир.
На претседателската функција во клубот се враќа Суат Алија.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












