Connect with us

Гостивар го доведе Рушту Јонус, заминува Анџело Николовски

Лидерот на табелата во Втората лига, тимот на Гостивар, продолжува со трансферни активности со несмален интензитет. Ново име во тимот е младиот фудбалер за врска Рушту Јонус. Тој доаѓа од редовите на Охрид Лихнидос каде одигра одлична полусезона.

Во наредниот перид ќе биде дел од составот на гостиварци и треба да претставување освежување за средниот ред.

Од Гостивар заминува младиот лев бек Анџело Николовски. Тој беше стандарден во најголем тек од есенската полусезона, но спогодбено се раздели со раководството на клубот и сега е слободен играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови