
Македонскиот прволигаш Гостивар се сели од Гостивар. Го напушта стадионот каде играше во изминатиот период, и каде во новата сезона ќе настапува новиот тим во елитата, Беса. Општина Гостивар практично донесе одлука и Беса да игра на стадионот во Гостивар, а во таков случај квалитетот на теренот нае може да издржи две екипи од прволигашка конкуренција.
Одлуката на Гостивар е да игра на Градскиот стадион во Штип, а во меѓувреме ќе следи поголем зафат на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, кој во иднина треба да биде домашен терен на овој тим.
Гостиварци се преселија со база на теренот во с. Петровец каде ќе се одвиваат тренинзите на составот што го предводи Муарем Муарем.
Гостивар и ова лето беше мошне активен на трансфер пазарот, доведе неколку квалитетни засилувања, а најзвучно странско име е Набил Дирар, поранешниот фудбалер на Монако, Фенербахче и на Клуб Бриж.
Доведени се и неколку квалитетни македонски имиња, Душко Трајчевски, Марко Симоновски, Дарко Глишиќ, Константин Чешмеџиев, Мевљан Мурати…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal