
Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица, објави клубот. Тој пристигна во Велика Горица како слободен играч откако се раздели со Ним. Стојановски потпиша договор до мај 2024 година.
„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, изјави Стојановски, кој ќе го носи дресот со број „70“.
Кариерата ја започна во Македонија, негов последен клуб беше францускиот Ним од кој замина на позајмица во Шамбли, а играше и во Хрватска.
„Почнав од Металург, каде играв две сезони за првиот тим, потоа поминав година и пол во Хрватска, во Сплит и Дугопоље, проследено со враќање во Македонија. Играв сезона и половина во Ренова, завршив како најдобар стрелец во лигата и оттаму отидов во Франција две години“, дополни македонскиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
