Connect with us

Горецка го брани Јоаким Лев: Ние фудбалерите сме виновни за поразот од Македонија

Германија уште долго нема да се опорави од шокот што и го приреди Македонија во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Селекцијата на Јоаким Лев по цели 20 години загуби квалификациски меч на домашен терен од момците на Игор Ангеловски.

Леон Горецка вчера го реши дербито во Бундес-лигата, со неговиот гол Баерн Минхен славеше против Лајпциг и направи голем чекор напред во одбрана на титулата, а против Македонија ја затресе само гредата од голот на Столе Димитриевски. Во студиото на „ЗДФ“ тој призна дека фудбалерите се виновни за поразот од Македонија. Мислеле дека лесно ќе го добијат натпреварот.

„Ние фудбалерите сме виновни за поразот и никој друг. Помисливме дека лесно ќе оствариме и трета победа по двете победи на стартот од циклусот. Потпаднавме во еуфорија што ја зафати целата земја дека лесно ќе се пласираме на Светското првенство. Сега е време да се спуштиме на земја и да одиграме квалитетно на Европското првенство“, изјави Леон Горецка, истакнувајчи дека селекторот Јоаким Лев ги предупредувал фудбалерите да не се опуштаат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови