
Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Беласица. Тој го одржа и првиот тренинг со тимот стартувајќи ги зимските подготовки. Доведени се голем број нови фудбалери, а искусниот стратег верува дека Беласица може да обезбеди опстанок.
„Се додека има и теоретски шанси за обезбедување опстанок, ние ќе се бориме и ќе се трудиме максимално планот на раководството да го реализираме во пракса. Јасно е дека бодовната залиха од есенскиот дел е мала, но ние сме фокусирани на иднината, анагжирани се голем број нови фудбалери, во клубот има ентузијазам да се обидеме сите заедно да останеме во елитата. Ќе работиме напорно, ќе доведеме уште двајца – тројца искусни фудбалери и ќе одиграме пет пријателски натпревари“, вели за МАКФУДБАЛ, Ѓоре Јовановски.
Беласица доведе десетина нови имиња досега во зимскиот преоден рок. Искусниот Оливер Пеев ќе го засили средниот ред, Бенјамин Демир крилните позиции, исто како и младиот Гуџуфи. Тука се и Трајановски и Јакимовски од македонските засилувања, но веќе пристигнаа и четворица Срби, сите од тимот на Инџија. Александар Вулиќ е ново име на голманската позиција, Страхиња Шево треба да ја засили одбраната, Дамир Аврамовиќ е ново име во средниот ред, а во нападот ќе конкурира Миленко Мијатовиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
