Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против селекциите на Шведска и Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Селекторот Горан Станиќ за претстојните натпревари со Шведска и Полска се одлучи да повика двајца нови фудбалери од минатиот список, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими.
На списокот се наоѓаат следните имиња:
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);
Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













