Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска има повод за прослава на голем јубилеј. Пред точно 10 години, на 22 мај 2010 година, Пандев го развеа македонското знаме на „Сантијаго Бернабеу“ во знак на триумфот на Интер во Лигата на шампионите.
Во финалната пресметка, Интер го совлада Баерн Минхен со 2-0, со головите на Диего Милито. Горан Пандев беќе стартер на финалниот меч и даде голем придонес во освојување на титулата. Истата сезона, Интер предводен од Жозе Мурињо, освои тројна круна, дополнувајќи ги и пехарите од Серија А и националниот Куп на Италија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski