
Претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хаџиосманоглу, објави дека големото дерби од 25. коло на турското првенство меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое ќе се игра во понеделник, 24 февруари, ќе го суди странец.
„За да не ги ставиме нашите судии во тешка позиција, за овој натпревар ќе ангажираме странски судија од светска класа. Веќе е завршена официјалната комуникација и добиени се потврдите“, изјави Хаџиосманоглу.
Во моментов, Галатасарај е лидер на табелата со шест бода предност пред второпласираниот Фенербахче. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, минатиот викенд изјави дека неговиот тим „во нормални околности би имал осум или девет бода предност“, алудирајќи дека судиите му помагаат на Галатасарај, кој наводно има поддршка од владејачките структури.
Пред десет дена, играчите на Адана Демирспор го напуштија теренот по половина час игра против Галатасарај во знак на протест поради доседен пенал за Галата, иако според нив немало прекршок. Галатасарај ги освои последните две титули во турското првенство, додека Фенербахче последен пат беше шампион во 2014 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
