Светскиот фудбал загуби уште едно големо име. Почина еден од најголемите напаѓачи Луиџи Рива. Легендарниот напаѓач на „сквадра аѕура“ и на Калјари, Луиџи Рива, во неделата беше примен во болница на Сардинија, откако се чувствуваше лошо дома.
79-годишниот поранешен фудбалер беше под надзор на лекарите во болницата Брозо во Калјари, а неговата состојба не се подобреи. Лекарските прегледи покажаа дека ќе треба да оди на операција на срцето во наредните денови, но одличниот напаѓач не ја доби битката и беше објавено дека починал.
Џиџи Рива е голгетер број 1 во историјата на Италија за националниот тим, постигнувајќи 35 гола на 42 натпревари.
За жал, од почетокот на 2024 година, светскиот фудбал ги загуби Марио Загало и Франц Бекенбауер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













