
Нов циклус, нови надежи, но и екстра силна група. Англија, Италија, Украина….и Малта. Македонската репрезентација вечерва (20.45 часот) стартува против најслабиот ривал во групата, селекција на Малта.
Сите играат фудбал денеска во Европа, вели селекторот Благоја Милевски, и тоа е точно. Но, некои играат подобро од другите.
А, Македонија, е голема фудбалски….за Малта. И не треба да бидеме скромни, ниту да бараме алиби, туку да истрчаат вечерва Елмас, Барди, Трајковски, Стефан Ристовски, Столе Димитриевски…и да победат. Да потврдат дека се подобри.
Да ја вратат самодовербата која малку можеби е и разнишана по неколку послаби изданија во Лигата на нации.
Европското првенство е веќе далечно минато, исто така и баражот за пласман на СП, но Македонија треба да покаже глад за нови победи и желба да биде подобра на секој нареден меч.
Малта е противник по мерка за успех на стартот, потенцираше капитенот Стефан Ристовски. Тоа е вистинското размислување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal