
Петмина играчи на Бешикташ се ослободени од клубот по поразот од Фенербахче во саботата со 1-3.
Винсент Абубакар, Валентен Розие, Ерик Баџи, Рашид Гезал и Жан Онана беа исклучени од тимот поради лошиот настап и некомпатибилноста со останатите играчи на тимот, изјави генералниот директор на тимот, Самет Ајбаба.
„Црните орли“ го заземаат петтото место на табелата во турскиот шампионат по 15 одиграни натпревари. Имаат освоено само 26 бода и заостануваат 14 зад лидерите Фенербахче и Галатасарај и практично се надвор од битката за титулата.
На европска сцена ефектот на тимот е уште полош. Бешикташ се најде на последното четврто место во својата група во Лигата на конференциите со едвај еден бод од пет натпревари, а пред две недели тимот загуби на домашен терен со 0-5 од Клуб Бриж.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal