Connect with us

Голем удар за Реал: Без Модриќ во финалето на Купот, а можеби и против Сити во ЛШ?

Фудбалерите на Реал Мадрид влегуваат во самиот финиш на сезоната и борба за трофеи, но останаа без Лука Модриќ. Денеска од Мадрид пристигна информација дека Модриќ се здобил со повреда на препоните на мечот против Џирона и дека ќе отсуствува две недели.


Модриќ ќе ги пропушти првенствените натпревари против Алмерија и против Реал Сосиедад, кои се помалку важни, бидејќи Барселона е веќе предалеку, но и финалето од Купот на Кралот на 6 мај и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити три дена подоцна.

Ова е голем удар за тимот на Карло Анчелоти, бидејќи Модриќ беше клучен на сите големи натпревари досега за „кралскиот клуб“. За да биде уште полошо за Реал Мадрид, Едер Милитао е суспендиран на првиот меч против Сити, па Реал ќе биде значително ослабен, без лидерите во одбраната и во средниот ред.

Очигледно Модриќ ќе биде подготвен за реваншот со Манчестер Сити на 16 мај, а дали тоа ќе биде доволно за Реал останува да се види.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови