Проблемите за италијанскиот калчолигаш Милан во одбраната се зголемуваат со дијагнозата што ја доби Пјер Калулу, кој се повреди на натпреварот против Наполи (2-2). Тој се пожали на болка и брзо го напушти мечот, а по деталните лекарски прегледи е одлучено дека ќе мора да замине на операција и ќе паузира околу четири месеци.
Дополнително, и фудбалерот што го замени, Марко Пелегрино, исто така се повреди, има скршеница на коска во стапалото и ќе паузира до крајот на годината.
Ова само ги усложнува работите за тренерот Стефано Пиоли кој речиси и да нема здрав дефанзивец во овој момент, со оглед дека повреден е и ветеранот Симон Кјаер. Единственото решение е стоперски тандем Тијао – Томори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













