Connect with us

Голем срам за Партизан: Елиминација од второлигаш во првото коло од Купот

Српскиот гигант Партизан доживеа срамна елиминација во првото коло од Купот. „Црно-белите“ одиграа само 1-1 против второлигашот Раднички Сремска Митровица, а потоа не реализираа ниту еден од четирите удари од белата точка.

Раднички Сремска Митровица погоди два пенали и славеше со 2-0 и направи сензација на стогодишнината од постоењето на клубот.

Андраде во 18.минута го доведе Партизан во водство, потоа гостите не реализираа неколку одлични шанси, а Раднички Сремска Митровица израмни во 90.минута, со голот на Маринковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови