Еден од најдoбрите светски голмани, Тибо Куртоа, нема да биде дел од претстојното Ел Класико, големото дерби против Барселона. Реал Мадрид в недела ќе ја пречека Барса на „Сантијаго Бернабеу“, а белгискиот интернационалец нема да може да им помогне на соиграчите.
И покрај очекувањата на Карло Анчелоти дека Куртоа ќе се опорави, сепак, тој нема да биде подготвен за настап, објави „Марка“. Се уште има големи болки во ‘рбетот и ќе продолжи со терапија се додека не се чувствува доволно способен за камбек.
Андреј Лунин ќе добие шанса да го игра првото Ел Класико, со оглед дека беше на голот и на изминатите неколку натпревари по повредата на Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













