
Роналд Араухо одлучи да ги прекине преговорите со Јувентус и го прекрши договорот со „старата дама“, бидејќи ќе остане во Барселона. Сите реномирани извори од Каталонија, ја потврдија истата информација – Араухо останува и ќе биде дел од Барселона уште многу години.
Пресвртниот момент дојде поради недоразбирања предизвикани од агентите на Араухо. Тие, наводно, не му ги пренесувале понудите од Барса за обновување на договорот. Кога Жоан Лапорта и Деко сфатиле дека Араухо изразил желба за заминување, тие воспоставиле директен контакт со него.
Клучната улога ја одигра Деко, кој во приватен разговор му ја претставил на Араухо целосната понуда од клубот. Оваа понуда била подобрена и му ја гарантирала клучната улога во проектот на Барселона во наредните години.
Араухо се чувствувал запоставен за време на неговото закрепнување, особено поради напредокот на Пау Кубарси и Ињиго Мартинез. Сепак, му било јасно дека тој е незаменлива компонента на дефанзивната линија на Барса.
Откако ги слушнал деталите од понудата, Араухо му соопштил на Деко дека ќе остане, а на Јувентус и тренерот Тијаго Мота им се заблагодарил за нивните понуди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
