Connect with us

Ѓоко Хаџиевски го презема Хаџер и се враќа во Саудиска Арабија

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски го презема кормилото на Хаџер и се враќа во Саудиска Арабија. Тој потпиша договор со клубот кој го предводеше и пред две години и ќе замине да работи повторно во саудискиот фудбал. Се работи за второлигашки клуб кој се обидува да обезбеди опстанок.

Хаџиевски во изминатиот период се согласи на волонтерска работа како спортски директор на ФК Вардар, но, сепак, понудата да се врати во Саудиска Арабија очигледно не можеше да ја одбие.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови