Connect with us

Ѓокереш и Тимбер дадоа по два гола, Арсенал со „петарда“ против Лидс (ВИДЕО)

Арсенал продолжи со одличниот старт во Премиер – лигата и по второто коло има максимален ефект. На „Емирати“ беше прикажана вистинска голеада, а Лидс Јунајтед замина дома со пет гола во својата мрежа (5-0).

„Топчиите“ уште во првиот дел ја поставија контролата врз натпреварот, Јуриен Тимбер и Букајо Сака се погрижија за комотна предност од 2-0 на полувреме. Веднаш на стартот од продолжението, новото засилување Виктор Ѓокереш се запиша во листата на стрелците со својот прв погодок во Премиер – лигата. Тимбер во 56. минута повторно се најде во вистинско време и место, зголемувајќи на 4-0.

Во 95. минута, Ѓокереш од белата точка го постави конечниот резултат – 5-0 за Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови