Шкендија го декласира Вардар на националната арена „Тодор Проески“ со 1-6 и конечно ја разби бариерата за неефикасноста што го следеше тимот од стартот на пролетната полусезона. Тренерот Ернест Ѓока вели дека Вардар секогаш е огромен мотив за фудбалерите на Шкендија.
„Среќни сме што успеавме да ги добиеме бодовите во трката за титулата. Натпреварите со Вардар се важни за нас од многу аспекти и се огромен мотив за фудбалерите. Среќен сум и за Бесарт Ибраими, денес успеа да постигне гол, да подели асистенции и да учествува активно во триумфот. Тоа за нас е многу важно. Сега одиме на мала пауза, потребна ни е по напорните мечеви, за да се подготвиме подобро за период што следи и да го одржиме чекорот во борба за титулата“, изјави Ернест Ѓока.
Шкендија на паузата заминува со седум бода предност во однос на Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













