Шкендија дојде во Скопје на дерби со Вардар и си замина дома со убедлив триумф (1-5). Иако Вардар оваа сезона не е на нивото од претходните години, сепак, тренерот Ернест Ѓока е среќен со изданието што го прикажа неговиот тим. Вели дека сега тимот е зрел за шампионска титула.
„Задоволен сум како реагираше тимот по примениот гол. Вардар брзо поведе, но и ние одговоривме експресно и го покажавме нашиот квалитет. Тимот ја презеде доминацијата, создаваше шанси и имавме одлична завршница. Ова е тоа што ни треба, остваривме важна победа над голем ривал, ја зголемивме уште повеќе самодовербата и продолжуваме во исто темпо. Долго е првенството, а Шкендија има зрел тим за освојување на шампионската титула“, изјави Ернест Ѓока за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













