
Шкендија доживеа дебакл во Мурска Собота, загуби од Мура со 5-0 и експресно е елиминирана од квалификациите во Лигата на шампионите. Македонскиот првак сега продолжува во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а противник ќе биде Рига.
„Би сакал да им честитам на Мура за победата, имаат одличен тим и квалитетен тренер, заслужено се пласираа во следната рунда. Јас ја преземам комплетно одговорноста, им реков на фудбалерите да ја кренат главата горе, затоа што ова не е крај, продолжуваме на европска сцена, сега во Конференциската лига на УЕФА“, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
Тој смета дека црвениот картон на Кривак бил пресуден за текот на натпреварот.
„До моментот на црвениот картон на Јан Кривак бевме рамноправен противник иако губевме со 1-0. Но, имавме две добри шанси и се заканувавме кон голот на Мура. Црвениот картон сериозно го наруши балансот во тимот и примивме втор гол во најнепријатен момент, пред самиот истек на првото полувреме. Потоа, очигледно не успеавме да се вратиме во мечот“, заврши Ѓока.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
