
Шкендија доживеа фијаско на гостувањето во Велес, губејќи со 4-2 откако во еден дел од мечот актуелниот првак губеше и со 4-0 на дуелот со „фенерџијата“ на табелата. Тренерот Ернест Ѓока со право беше разочаран, свесен дека е пропуштена одлична можност да се намали негативата зад Вардар по „киксот“ на „црвено-црните“ на гостувањето против Ренова.
„Ова беше премногу лош меч од наша страна. Не игравме доволно фудбал, направивме премногу грешки во одбраната. Вакви натпревари се добиваат со квалитетна, одговорна игра, а ние не бевме на посакуваното ниво. Тоа беше нашата грешка, затоа јас сум главниот виновник, бидејќи не ги подготвив фудбалерите како што треба. Целата одговорност е моја, мораме да научиме да играме исто на секој натпревар, без разлика на противникот“, изјави Ѓока.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
