Connect with us

Гнабри и Сане на трансфер – листа во Баерн Минхен

Баерн Минхен ја разгледува можноста да се раздели со Серж Гнабри и Лирој Сане, пишува „Билд“. Раководството на клубот не е задоволно од настапот на двајцата фудбалери и планира да ги продаде на лето ако пристигнат поволни понуди.


Гнабри минатото лето потпиша нов договор со Баварците, но клубот се двоумеше да му понуди голема плата поради неговите неконстантни настапи. Пред Мундијалот имаше десет гола и 11 асистенции, но по Мундијалот има само еден гол од пенал.

Сане пред Мундијалот имаше 10 гола и шест асистенции а потоа постигна само два гола и сега е резерва.

Поранешниот играч на Манчестер Сити има проблеми и со дисциплината, откако во неколку наврати задоцни на тренинг.

Тренерот Џулијан Нагелсман се почесто ги остава Гнабри и Сане на клупата, а со враќањето на Садио Мане нивните шанси за настап уште повеќе ќе се намалуваат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови