Кристијано Роналдо е неверојатен спортсмен. Направил гест за паметење на манифестацијата „Глоуб сокер авордс“ во Дубаи. Асот на Јувентус ја доби наградата за најдобар фудбалер на 21. век, но го одбил признанието за најдобар фудбалер за 2020 година и му го доделил на Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен.
Наградите на „Глоуб сокер авордс“ се определуваат според гласовите на фановите ширум светот. Кристијано Роналдо добил преку 21 милиони гласови и бил најдобар во двете категории. Но, Португалецот инсистирал наградата за најдобар фудбалер за 2020 година да оди во рацете на Роберт Левандовски, открива „Тутоспорт“.
Роберт Левандовски го доби и признанието „The Best“ на ФИФА за најдобар светски фудбалер за 2020 година. Роналдо како капитен на Португалија и тогаш гласаше за Роберт Левандовски како најдобар во светот за годината што изминува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













